Поддршка од Светска банка за катастарот

Bez autora
Sep 26 2010

Продолжувањето на реформите во македонскиот катастар со дополнителни девет милиони евра заем од Светската банка, предвидува вчера потпишаниот договор меѓу Светската банка и Министерството за финансии, за дополнително финансирање на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“. Заемот е доделен под исклучително поволни услови, 25 години рок на отплата со осум години грејс-период и каматна стапка од 1,2 отсто. Дополнителното финансирање треба да помогне за дигитализација на постојните катастарски мапи и планови и достапност на овие графички информации до граѓаните и до приватниот и јавниот сектор преку Интернет. Ќе се подобри и точноста и ефикасноста на премерот преку комплетирање и надградба на државната геодетска референтна мрежа. Предвидено е и модернизација на работниот процес во управата за имотноправни работи при Министерството за финансии, со цел поефикасни и побрзи услуги за граѓаните.

Поддршка од Светска банка за катастаротПродолжувањето на реформите во македонскиот катастар со дополнителни девет милиони евра заем од Светската банка, предвидува вчера потпишаниот договор меѓу Светската банка и Министерството за финансии, за дополнително финансирање на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“.

„Заемот е доделен под исклучително поволни услови, 25 години рок на отплата со осум години грејс-период и каматна стапка од 1,2 отсто“, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески, по потпишувањето на договорот со постојаниот претставник на Канцеларијата на СБ во Скопје , Лилија Бурунчук.

Дополнителното финансирање треба да помогне за дигитализација на постојните катастарски мапи и планови и достапност на овие графички информации до граѓаните и до приватниот и јавниот сектор преку Интернет. Ќе се подобри и точноста и ефикасноста на премерот преку комплетирање и надградба на државната геодетска референтна мрежа. Предвидено е и модернизација на работниот процес во управата за имотноправни работи при Министерството за финансии, со цел поефикасни и побрзи услуги за граѓаните. Ставрески истакна декаВладата одлучила да го продолжи проектот и во наредните три години поради постигнатите резултати од неговата досегашна реализација, а таква потврда изнесе и претставничката на Светската банка.

„Катастарот е воспоставен во 99 проценти од катастарските општини, а последните неколку години енормно е зголемен бројот на запишаните купопродажби, хипотеки и други трансакции, што укажува и на подобрување на ефикасноста во одржување на катастарот. Воедно, времето за регистрација на купопродажба е скратено од 60 на пет дена“, рече Ставрески.

Според Бурунчук, со проектот Македонија станала лидер во реформите во катастарот во регионот на што, како што истакна, државата треба да биде горда. Но, работата не е завршена и има уште предизвици, посочи таа, и во таа насока се и дополнителните финансиски средства. (МИА)

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik